Математичка

Мојов математички ум,
е збун!

Се почесто со тебе,
еден и еден,
се триес еден,
два и два и се дваес два.

Разбирам,
сложена дропка да се згреши,
математичкиов ум се теши.
две непознати на пример,
паралелни низи со суфикс,
три пати на квадрат икс,
и тука може кикс.

но со вакви ситни бројки,
ко со двеве двојки,
да ми кинеш нерви,
и емотивни спојки?

Згреши уште еднаш формула,
и ќе те помножам...
со нула.

1 comment:

сања said...

гилиптер из бек! ребрендид! :) поздрав од сите, сања.