Македонска Политичка Дискусија ТЕМПЛЕЈТ

Почитувани [Нападната Странка; Партија, поединец итн.],

[Оваа реченица содржи провокативно тврдење со кое се привлекува вниманието на Нападнатата Странка но секако да не е поврзано со темата на дискусијата]

[Оваа реченица тврди дека Нападнатата странка е всушност таа која не ја разбрала темата на дискусијата, но малку се тие кои можат јавно да признаат кога ќе згрешат.]

[Оваа реченица е увертира на следната реченица, служи психолошки да ја припреми пошироката јавност за шокантната вистина која следи. Може да заврши и во прашална форма.]

[Оваа реченица содржи очигледен факт. На пример, дека ништо не функционира.]

[Ја спомнувате Нападнатата Странка уште еднаш, но овој пат во иста реченица со очигледниот факт]

Срдечно,
Тој и тој.

2 comments:

dzaMski said...

така е! :)

Marjan said...

некогаш имаат подраматична завршница ама главно тука некаде се застанати во дискусијата. поздрав, мирољубив патнику на сајбер пространството.