Среќна нова година

Среќна нова - ЕУ верзија

мили ЕУ граѓани и граѓанки, за најдлудата повелете на:

од гепард потколено - засолено,
од носорог прсти - разни врсти,
мариниран лосос - во сопствен сос,
и дабар ако ти се јаде ќе ти се даде.

нос од срна во 11 ќе ве послужиме,
со млеко од бабун во 12 ќе ве услужиме,
а по полноќ и некоја минутка,
свечено на вашата вилушка,
дроб од ајкула белоушка.

има материца од верверица,
плус од китово млеко павлака,
чипс од делфини млади,
за крај, ако ви се слади.

на кратко,
се има,
во нашата ЕУ посестрима.

**********************************

Среќна нова година - Мак верзија

македонски граѓани од сите етноси,
абе имајте везден односи!
и не се прајте германци,
ради недостаток на кеш
сме за нова година вегетаријанци.

2 comments:

Anonymous said...

hahahaa super ko i uvek srecna nova i na tebe :) sanja

ian said...

very very true :)