Слепата гатачка


“Гледам близнаци“ – рече најтивко што може слепата гатачка држејќи ја Клаудиината дланка.
“Близнаци?“ – запраша Клаудија
“Да. Близнаци со амнезија. Во кома се и двајцата.“ – продолжи многу тивко слепата гатачка. “И една жена во црно како им ги менува местата дури овие не се свесни. За да не знае мајката кој е кој“
“Па нели обично се менуваат местата на деца со различни родители“ – рече Клаудија зачудено. “Нема логика да смениш близнаци. Иста е мајката, што е важно кој е кој?“
“Потивко!“ – нареди слепата гатачка. “Откако им ги променија местата, близнаците и самите незнаат кој е кој“
“Ама која е поентата?„ - инсистираше Клаудија
“Ако мислиш дека подобро можеш да предвидиш, да ти ја дадам мојава дланка, што викаш?“ - луто рече слепата гатачка
“Добро, се извинувам. Продолжи“ - се смири Клаудија
“Гледам црнило, кома, близнаци, амнезија... И уште една амнезија... Изгледа поради тоа што се близнаци“
“Ме збунуваш“ - воздивна Клаудија. “Има ли некоја друг што може да ми гледа?“
“Ако не ти се допаѓам, кажи ми директно!“ - навредено рече слепата гатачка
“Ми се допаѓаш... Незнам како да ти кажам.... И повеќе отколку што мислиш“ - срамежливо рече Клаудија
“Како мислиш?“ - запраша слепата гатачка. “Ти се допаѓа како предвидувам или ти се допаѓам, онака, филмски?“
“Па... Филмски. Од првиот момент кога те видов“ - сега веќе Клаудија беше послободна. До толку беше слободна, што си дозволи нејзината дланка да ја стави на коленото на гатачката. “Смеам ли да те бакнам?“ - и шепна на уво.
“Смееш...“ - воздивна гатачката. “Гледам на магичната кугла дека си црнка. Сакам црнки.“
“Па не сум баш. Повеќе би се рекло дека сум...“ - не доврши Клаудија
“Накај црнка!“ - сакаше да се извади гатачката
“Па... Накај русокоса би било поточно“ - рече Клаудија зачудено
“Сеедно... Бакни ме страсно“ - извика гатачката.
“Ахххххххх“ - воздивна Клаудија пикајќи го јазикот длабоко во устата на гатачката. “Што вели твојата магична кугла на ова!?“
“Вели: Земи ме, намачкај ме со маст, и стави ме во вагината на слепата гатачка“
Речено-сторено.
“А сега што вели?“ - сега веќе во екстаза запраша Клаудија
“Сега вели:
“Пази да не ти испадне куглата на под, чист кристал е“

**********************************
Во наредната епизода ќе гледате: Магичната кугла паѓа на подот, Клаудија се запрашува што понатаму со слепата гатчка, слепата гатачка се запрашува што понатаму без магичната кугла.

2 comments:

Anonymous said...

Оваа ти е нај јака од сите од серијата

Anonymous said...

dali ke mozi site da gi staivis i dali e ok da gi pisam kaj mene na sajt so link normalno? fala