Ништо не се случува


Како вчера да беше денот кога ништо не се случи. Го паметам бистро, најбистро. Немаш ни што да памтиш, ништо не се случи како што реков. Апсолутно ништо. Не знам ни каде бев ни со кого. Не знам ни дали бев?! Не бев изгледа затоа што тоа веќе е некоја случка, а на тој ден, како што реков, апсолутно ништо не се случи.

No comments: