Упатство за употреба на Упатството за употреба




Направивте вистински избор со Вашиот нов Toshiba видео-рекордер. Ви честитаме. Пред да го отворите упатството за употреба, прочитајте го овој мал додаток наречен Упатство за употреба на Упатството за употреба. Ви честитаме.

Важно: Прочитајте пред да го отворите Упатството за употреба!

Упатството за употреба е црно-бела книга со корисни информации кои ќе ви помогнат при користењето на Вашиот нов Toshiba видео-рекордер. Ви честитаме. Упатството за употреба се состои од следните делови:

1.Насловна страна
2.Страна со цртеж од Вашиот нов Toshiba видео-рекордер. Ви честитаме.
3.Страни со функции
4.Страна со најчестите проблеми при употреба на Упатството за употреба.

Важно: Како да го чувате Упатството за употреба

Упатството за употреба се чува на суво и ладно место. Идеалната температура е од 10-20 степени.

Важно: Како да го користам Упатството за употреба

Најдете соодветено место. Внимателно фатете ја насловната страна на Упатството за употреба и со благо придвижување на дланката однесете ја на лево притоа откривајќи ја следната страна. Продолжете со оваа операција до крајот на Упатството за употреба притоа избегнувајќи ги страните напишани на јазици кои не ги разбирате.

Најчести проблеми при користењето на Упатството за употреба

Опис на проблемот: Не можам да го отворам Упатството за употреба.
Решение: Упатството за употреба е затворено во пластична кеса. Користете ножици. Ако сеуште не можете да го користите Упатството за употреба тогаш страните се залепени. Користете повеќе сила.

Опис на проблемот: Текстот е напишан обратно.
Решение: Ротирајте го Упатството за употреба за 180 степени.

Опис на проблемот: Го ротирав упатството но сеуште не можам да го прочитам текстот.
Решение: Неписмени сте.

Опис на проблемот: Писмен сум, го ротирав упатството но сеуште не можам да го прочитам текстот.
Решение: Употребете надворешен извор на светлина (не е вклучен) како на пример столна лампа, сонце или оган. Внимавајте при користењето на надворешните извори на светлина поготово оганот.

Опис на проблемот: Писмен сум, го ротирав упатството, аплицирав надворешен извор на светлина но сеуште не можам да го прочитам текстот.
Решение: ⠉⠁⠇⠇ ⠋⠕⠗ ⠞⠓⠑ ⠃⠗⠁⠊⠇⠇⠑ ⠍⠁⠝⠥⠁⠇

Можете да почнете со користењето на Вашето Упатство за употреба. Ви честитаме.

5 comments:

Anonymous said...

Во срцево топлина ми огреа кога видов дека повторно си почнал да пишуваш. Пишувај друже пишувај, бар дур трае грејнава сезона:)

Anonymous said...

Те сакам!

Anonymous said...

i jas te sakam :)

Anonymous said...

Поздрави и честитки! Одлична работа

ratka said...

ремек дело :)