Господинот Wikipedia, со користење на сите можни нечисти трикови, направи обид да ја изманипулира пошироката јавност. Не би ме чудело позади овие клевети да стои грчкото лоби, кое немајќи повеќе аргументи во спорот со името се обидува на секој можен начин да ги присвои нашите најголеми богатства: планините, езерата и мојата хаику поезија.
Со таа цел, јас испратив протестни ноти до:
Амбасадата на Грција во Македонија,
Господинот Wikipedia
Американското Хаику здружение
Јапонското Хаику здружение
Обединетите Нации
Јапонската амбасада во Лондон
(сериозно испратив, ќе ги постирам наскоро одговорите)
а во знак на протест, повеќе не пишувам Охридска Хаику Поезија, туку најавувам нов циклус.
Охридска Еротска Поезија
Вангелица ми тргна на чешма
Вангелица ми тргна на чешма,
се напупи вода да наполнит,
кога в грмушка млад Стојан го вчакарил,
па на Вангелица низ смеа и говорит“
“Ак сакаш да те пренесам до село,
качи се на јарболов вкрутен,
да не се имаш џабе мачено,
ќе те пренесам со се бардачено“
“Ах море Стојан будала,
остави ме на раат вода да си наполнам,
за мене на класот да ме качиш,
ќе требат малу да се помачиш“
“Сакам класје, не дека не сакам,
ни за качвање не се бунам,
ама млада Веселинка ми се доверила,
класот ти бил подпросечен, проверила“
Стојан се малу накашла, и в кавал ми нежно засвире, засвире ми леле посвире, песна тешка, таговна:
“Ах мори Веселинка, чумо една крастава,
што ми резил направи, што ми гордост повреди,
класт во животот да не видиш,
на јарбол да не се качиш,
штом вака лајна јајш и ме мачиш“
На уста ми Стојан кладе кавалот,
запеа ми песна тешка, таговна,
запеа ми песна за Веселинка бескрупулозната
и си киниса в насока непозната"
3 comments:
remek delo
Respect from PRPARIMI !!!!
Respect from Parparimi !!!
Post a Comment