Univerzalni ohridski glagoli

si globotit si glogotit si klokotit si buchit si klokotorit si klizit si lizgat si rabotit si vezit si lomotit si lobotit si babotit si bobotit si predit si melit si fuchit si zhuborit si vrvit si verglat si bamborit si vlechit si povlechvit si marinirat si perdashit si roshtiljat si ventilirat si zhivurkat

Hey


Hey, white Malibu in front of you kicked your mirror off. We got your back, fucked his shit up.
Anonymous.

Крајот на фудбалот


Во меѓувреме, некаде на другиот дел од галаксијата, Тој, седеше и размислуваше на глас.
Јас, значи, сум створил се... Планети, фотони, неутрони, реки и планини, љубов и омраза, војна и мир... Што ми требаше да додадам и глупост, тоа не ми е јасно. Глупоста ми ги надмина со количество сите останати креации... Ја има повеќе од водородот, помасовна е од сета маса на сите планети заедно, почиста и поперфектна од било која река што сум ја створил...Извонредна креација, тоа признавам, но многу се распростани. Еве на пример, гледајте ги овие идиоти со топкана, ставиле две мрежи и ајде сега, кој подобро ќе ја вметне топката во нив! А другите идиоти се радуваат и врескаат на глас! Море, по ѓаволите со сите вас!
Тој, замислен над овие темни мисли, посегна по Тоа, го стави во Онаквото, го полеа со малку Такво, и Фудбалот го снема. Едноставно испари во бесконечноста на универзумот, не оставајќи апсолутно никаква трага од своето присуство. Универзумски гледано, неговото непостоење не придизвика ама баш ништо.
Тој ги остави Тоа, Онаквото и Таквото на страна, се почеша по брадата и реши дека добро би му дошол малку сон. Го вклучи Апаратот за Сонови, притисна на Случаен Сон и заспа.
Заспа, и сонуваше дека е саксија.

Математичка

Мојов математички ум,
е збун!

Се почесто со тебе,
еден и еден,
се триес еден,
два и два и се дваес два.

Разбирам,
сложена дропка да се згреши,
математичкиов ум се теши.
две непознати на пример,
паралелни низи со суфикс,
три пати на квадрат икс,
и тука може кикс.

но со вакви ситни бројки,
ко со двеве двојки,
да ми кинеш нерви,
и емотивни спојки?

Згреши уште еднаш формула,
и ќе те помножам...
со нула.

Игор Џамбазов на Јади Бурек

За сите кои ме прашуваа кај го најдов Игор да ја прочита Нована година се ближит  (слушнете го мп3-то, тоа е поентата). Еднаш се случи ова што ќе го видите на видеово, а еден другар го додаде музичено лошо во позадина и го успори гласот.

be prepared

Greetings and love to one and all



"Greetings and love, to one and all. In I presence I-preme coverage of I heights. Love for everyone everywhere. It is known that the cooperation of all colors of people voice the decision of I heights that shall free everyone and liberate fully everywhere now everyone just cooperate with the love of I heights to survive. Knowing that in this world war is explosive. The ways of the one solve the problem of the heights of I coverage in full, so it is I-rey loveful heights"

http://www.imdb.com/title/tt0079815/

стечај хип хоп

ДИЏЕЈ РИСТО:
digidi check it,
влегувам со рима
и се жалам на беспарица,
ја од Тат сум, Ристо,
ни до Солун веќе без кешарица
во џеб
не влага жлеб у жлеб
без малце да се подмачка
ама како викам
ја да мачкам маргарин
а они хај на рузмарин.

ДИЏЕЈ КЛИМЧО:
јо,
digidi wreck it,
охридскио ol'dirty
за вас кинет жица гласна
ак мислиш дека емпетриво ти каснат
за акцентов мој не си дораснат
зш од Охрид сум ја море
Климчо ме викет горе
ја и ДиЏеј Ристо
во Застава со амбиција
после демек транзиција
а пази сега
инквизиција.

РЕФРЕН:
еј ЕУ доста експертизи,
овде саде кризи,
сите на донесување закони бизи
сонот за Aмерика и визи
Вечерва за вас,
ДиЏеј Ристо и Октетот “Заробени девизи“.

Македонска Политичка Дискусија ТЕМПЛЕЈТ

Почитувани [Нападната Странка; Партија, поединец итн.],

[Оваа реченица содржи провокативно тврдење со кое се привлекува вниманието на Нападнатата Странка но секако да не е поврзано со темата на дискусијата]

[Оваа реченица тврди дека Нападнатата странка е всушност таа која не ја разбрала темата на дискусијата, но малку се тие кои можат јавно да признаат кога ќе згрешат.]

[Оваа реченица е увертира на следната реченица, служи психолошки да ја припреми пошироката јавност за шокантната вистина која следи. Може да заврши и во прашална форма.]

[Оваа реченица содржи очигледен факт. На пример, дека ништо не функционира.]

[Ја спомнувате Нападнатата Странка уште еднаш, но овој пат во иста реченица со очигледниот факт]

Срдечно,
Тој и тој.

sysadmin е секогаш sysadmin

Уште еден успешен потфат на sysadmin-от.

D. K. to me
Marjan zdravo
jas sum D. taksistot sto VE vozese denes
pokusavam da dojdam do zborot setting no nemozam da dojdam ]

gore levo ima
najgore  File    Edit    History Bookmarks   tools    help
nad ova ima Compose  Mail- Yahoo Mail-  Mozila Firefok
podole ima  Hi, D   Sing Out      All New Mail      Help
a od desna strana ima Yahoo Mail a pod nego Wat,s New ?            Mobile Mail      Options

SETTINGS   nazalost nemozam da go najdam

Toa e stranicata na YAHOO!  MAIL

se raboti za da go promenam pasvordot

(nemozam da dojdam do logoto change password

 izvini ako ti dosaduvam no sakam da znam i da naucam
blagodaram odnapred
so prijatelski pozdrav

======================
Zdravo D., procedurata e sledna, ti ja pishav tocno kako shto treba da ja izvrshish za da ti bide najlesno:




1. Od desna strana klikash na Options pa na Mail Options
2. potoa od leva strana ke imash meni, najdolu ke kliknesh na Account Information
3. ke te prasha za passwordot segashen, vnesi go
4. Nekade na sredina ima CHANGE YOUR PASSWORD, klikni na nego
5. vnesi go passwordot, prvo ednash tvojot segashesn, potoa dva pati noviot password.

so ova ke go smenish passwordot, od naredniot pat ne zaboravaj deka ke treba da go vnesuvash noviot password.

Se nadevam deka ova ke ti pomogne, kazhi ako nekade zapnesh.
Pozdrav i imaj ubav den,
Marjan

================================

D.K. to me

ZDRAVO MARJAN
BLAGODARAM OD PRVO SE SNAJDOV I MNOGU LESNO GO SMENIV PASVORDOT  BLAGODARENIE NA VAS I NA PREDOBROTO OBJASNUVANJE  BLAGODARAM USTE EDNAS
KE SI DOZVOLAM AKO USTE NESTO MI TREBE DRUGO DA VI PISAM I SE NADEVAM KE MI OBJASNITE
VO ZIVOTOT DA VE PRATAT SAMO UBAVI MOMENTI
BLAGODARAM


Затопли мајката





Затопли, мајката... Не се живее на температуриве. Еве, пред некој ден, еден човек се истуширал со ладна вода, излегол надвор, го удрил кап и умрел. Бог да чува, што ти е човек. Од такви работи да се пазиш само, и бојлер никако оставање уклучен дур се тушираш. Пред некое време, во Ѓорче, некој влегол да се тушира, и цап, струја го утепала, лоша изолација. Ама ај иди не се туширај на волку топло. Ја па само што ќе се истуширам, одма се потам, абе уште не исушен, стварно не се живее. Порано не беше овака не чини до волку. Ама такво е Скопје – лето плус пеесе, зимо минус триесе. Да не знае човек што облека да купи, мајку му. А овие педериве па само лажат со прогнозота. Кур мој било триес степена под сенка, ќе си го прашам куров, не кажуваат. Ја у двор имам термометар плус четрс два покажа. Ама па кој кур те тера сега да искачаш, треба будала да си, само за хитна работа. Само после осум искачање. А и за спиење лошо пичку матер, се потам у сон. Сабајле станувам жува вода, не се спие. Климите сега приступачни се, планирам да ставам не се трпи више. И не е добро за овошките, ќе ги сотре

Ама па што да кажат во Атина, еве пред некоја година со гас маски шетаа по улица. Сто и кусур луѓе испоумреа. Тамо па и загадено е, многу коли има Гркот.

А еве го сега па, се изнамачи времево, никако да заврне. Дај боже да заврне, да освежи малце, умревме, не се живее на температуриве. Комшија.

===========================================

I da znaes deka si u pravo. Ma da im ebam mater, sve ova sega ni go napaiva. Porano be ne bese vaka. I toa znaes koj? Ja ke ti kazam. Nato na celo so Amerika. Ako oni ne ja kontroliraat cela svetska klima ti mene da me pluknes. Ama mene ne me nervira najvise toa nego sto pa im go lizeme gzot, toa me nervira. I sto site firmi im gi prodadovme na grcistana sto imeto nejkat da ti go priznaat. A parite gi priznavaat. Ubavo im e koga ke te zakolat de za struja, de za osnovni namirnici, de za telefon i red drugo. Nemoze be najskup telefon imame u svet, a najmali plati. Kaj go ima. Cel narod strada a nekoj ke si gi puni dzebovite. Ako, pa ke recam: sami sme krivi. Nasle ovci pa strizi. Koga neznaeme da se kreneme site, pa da im zapalime i sobranie i americka ambasada i grcka granica. Bukvalno. Da vidime dali posle taka lesno ke se resat da si igraat so tebe i da ne te postuvaat. Gledas kako e solidaren grckion narod? E samo takov narod moze da zivee ubavo i sto vikas da ima mnogu koli. Ama ne samo koli, nego sto saka kupue grkot - pola Makedonija ja kupija be. I nie posle pa u Grcija na odmor. Kako vo Ohrid da nema sonce. E sonceto ne bilo dovolno, sme sakale more, ezerono ne bilo soleno. Zatoa ti vikam: narodov nema akal, ne sme solidarni. Pola pari im gi frlas na grcistana, a drugata polovina ti gi zima drzavata, i toa aj da e drzavata, nego poedinci si gi punat dzebovite, i sve na grbot na narodot. Ne mi kazuvaj ti mene; gledam ja sto se pravi: Ovde ti macka oci kao VMRO najdobra partija, neznam patrioti, ke ja krenele ekonomijata, zemjodelieto, a zad grb: lapaj bato kaj stignes. Se oseti be brat - nema narodov. Epa ne kutam be vise, neka dojdat neka me zatvorat. Tek togas ke otvoram usta i sve u lice ke im kazam: koj e Gruevski, koj e Crvenkovski, koj e Dzaferi i sve so red, sve sto pravele, sve ke im kazam. Oni mislat narodov navta pie. Ne e glup narodov, nego taka mu cini. Naviknato e makedonceto 5 veka pod tursko; ne ima sredeno turcinot, aj ti. U sve zaostanuvame: ekonomija, industrija, kultura... ama bas u sve. Da ti e sram da kazes deka si makedonec. Ej, a potomok si na Aleksandar Veliki, najgolemiot vojskovodac i osvojuvac, cel svet sto go imal pod sebe. Ti vikam, svetov se zavrtil naopaku. Sega Amerika ke te zaebava, sto pa do pred pet veka ne postoela, a ni pa sega ima nekakov identitet; se sobral svetskiot slajm, pa go kontrolira svetot i nikoj ne smee da im pisne. Ti vikam ja...! Ama ako, sve ova samo edno znaci: deka i niv ke im dojde krajot, i im se gleda, da znaes. Slusaj me ti mene: brzo ke dojde denot koga pa ke vladeeme so svetot, samo dali ja i ti ke doziveeme toa da go vidime :). Pazi, ne mi e mene za da vladeam, nego cisto ke mi se ispuni srceto. Inaku ti mene me znaes: da ima sto se vika lepce za mene i za moive, i da ima koga ke dojdes ti, Petko, Stanko, sto se vika edna rakija da pocastam. Muabetot e biten, ne koj kolku ima. Sto deka imaat politicarive, mislis ubavo ziveat. Da ti se pluknam ja vo zivotot ako treba so telohranitel segde da idam, i ako treba da mu ja mislam nekoj da ne mi go svirne kursumot ili da mi kidnapira nekoj od moive. Utre deca ke imam sto se vika, ako dae Gospod, taka e, sto? Dzabe dzebovite ti se polni, ako vo srceto ti e prazno. Ti barem za toa uvek si me sfakal. Podobro ke sedam doma nego da im r'mbam za 5000 denari mesecno. 5000 Mozam koga sakam da pobaram od drugarite i odma da najdam. Ama drugarstvoto so pari nemozes da go kupis, taka si e. Komshija.

twitter

невидена мака
да клаиш твитер дугме
на блог.

1 000 000 долари награда за Вашите паранормални способности




Почитувани македонски тарот мајстори, биоенергетичари и сите вие кои гледате "пат" во кафето, а и сите вие кои им верувате, ова што ќе ви го кажам не е шега. Овој "натпревар" постои многу одамна но за жал е на Англиски, јазик кој вам како група ви е непознат, а како и да не е кога користи латинично писмо.

На оваа страна:
http://www.randi.org/site/index.php/1m-challenge.html
можете да ги видите правилата, кои за жал се на Англиски па ќе ви ги преведам (не е Германски, иако и тој е на латиница).

ЈРЕФ (организацијата која стои позади ова), нуди награда од еден милион долари на СЕКОЈ кој ќе докаже БИЛО ШТО паранормално (ова значи "знам да гледам на кафе", "знам да лекувам со бионергија", "знам што ќе се случи утре")

Многу од луѓето веќе ги имаат завршено тестовите може да ги видите тука: http://forums.randi.org/forumdisplay.php?f=43

Апликацијата која треба да ја пополните е тука: http://www.randi.org/site/index.php/1m-challenge/challenge-application.html

Нема потреба да спомнам дека иако организацијата постои многу одамна, и многу веќе си ја имаат пробано паранормалната среќа, АПСОЛУТНО НИКОЈ до сега не докажал ништо и наградата сеуште Ве чека.
Среќно!

За останатите, делумно нормалните, за да не останете дебили, пред да влеземе во ЕУ да ве потсетам:

1. Духови нема, не постојат. Човек кога ќе умре, толку е, неговото завршува. Колку треба да си малоумен ова да не го сфатиш? Колку и да сакате да сте Патрик Свејзи во "Дух", нема да можете, а богами нема да може ни тој повеќе затоа што како што реков, нема духови.
2. Биоенергија и алтернативна медицина, надри лекари и се тоа, нема, не постои, само доктор и лекови ќе ви помогнат, по можност Германски (и докторите и лековите)
3. Иднината не може да ви ја предвиди никој, едноставно преголем е универзумот за било што да се знае однапред.
4. Работи не можат да се материјализираат, за да направиш нешто ти треба материјал (било дрво, било на микроскопско ниво молекули и останато). Од ништо не може да се направи нешто.
5. Сабина, баба Ванѓа, Саше ИКС, Саи Баба, Иван Исцелител и уште еден милион други се професионални хоштаплери и манипулатори на проста маса.

Паранормални и делумно нормални, колку и да има факти и колку милиони долари да се понудат, по обичај Вашите коментари ќе бидат "па добро може и има нешто" и "имам видено дух лично" и "на брат ми се му погодија". За едно 50 години ќе ве користат за експерименти. Кој ве ебе.

compilation number 1



Tribute to Dirt McGirt, Chali 2na and Roots Manuva.

Playlist
1. leftfield - dusted - ft. roots manuva
2. n.a.s.a. - strange enough - ft. dirty
3. revolution 9 - ft. tuna vs. roots manuva
4. gorillaz - all alone - ft. roots manuva
5. anybody - ft. dirty
6. comin' thru - ft. tuna
7. join the dots - ft. tuna vs. roots manuva
8. dirty dirty - ft. dirty
9. witness - ft. roots manuva

You can download the file here: dirty tunas and manuvas.zip (50M)

Нашите планови се оптимистички - Јапон vs. Хаотичен Метал

Среќна нова година

Среќна нова - ЕУ верзија

мили ЕУ граѓани и граѓанки, за најдлудата повелете на:

од гепард потколено - засолено,
од носорог прсти - разни врсти,
мариниран лосос - во сопствен сос,
и дабар ако ти се јаде ќе ти се даде.

нос од срна во 11 ќе ве послужиме,
со млеко од бабун во 12 ќе ве услужиме,
а по полноќ и некоја минутка,
свечено на вашата вилушка,
дроб од ајкула белоушка.

има материца од верверица,
плус од китово млеко павлака,
чипс од делфини млади,
за крај, ако ви се слади.

на кратко,
се има,
во нашата ЕУ посестрима.

**********************************

Среќна нова година - Мак верзија

македонски граѓани од сите етноси,
абе имајте везден односи!
и не се прајте германци,
ради недостаток на кеш
сме за нова година вегетаријанци.

Извадок од Општо за свемирот

*******************************************

Ова утро во Импвил не беше ништо поразлично од претходното, кое пак по ништо не се разликуваше од тоа пред него. Се беше некако распеано, а на дрвјата од се срце растеа мунтар-булкани. Мунтар-булкан беше плод од кој што се правеше познатиот филозофски пијалок “Мунтар-булкан Филозофски Пијалок”. Според некое верувања, овој пијалок му помага на мозокот да размислува побрзо и пологично давајќи им сила на филозофите да размислуваат потрезвено. Други пак веруваа дека баш овој пијалок ги тера сите луѓе на планетата Импвил да постануваат филозофи.

Еден филозоф седеше под најголемата врба на планетата Импвил и размислуваше:

Значи, јас сум филозоф. Мојот татко исто е филозоф. Моите браќа и сестри се исто така филозофи. И моите предци биле исто така филозофи.

До кога вака?”

Под едно друго дрво, еден друг филозоф и пишуваше писмо до првиот филозоф:

“Високо ценета Индивидуо.

По повод вашето писмо кое што имавте намера да ми го пратите, а по повод мојот одговор на првото писмо што имавте намера да ми го пратите, Ви одговарам.

Предлогот кој што имавте намера да ми го испратите, се прифаќа!

Ваш пријател и колега,

Урфил

П.С. Нема потреба да ми одговарате поради тоа што знам што ќе ми одговорите”

Под едно трето дрво, трет филозоф пробуваше да си ги стави обете нозе позади главата. Не само што не изгледаше воопшто вкусно за другите, туки и многу лошо му одеше.

Како и да е, едно вообичаено утро за планетата Импвил. Навидум.

******************************************************

Огромен Салимандридски брод пролета над планетата Импвил. Со својата огромна коцкаста форма, засени неколку од сонцата и неговата огромна сенка падна над двајца од филозофите, оставајќи еден точно под бродот.

Од сите планети во галаксијата, овој брод одлучил да лета баш врз нашата. Да речеме дека има 500 милијарди планети. Да претпоставиме дека на сите тие може да се слета. И овој баш решил да слета над нашата?” - размислуваше филозофор под првото дрво и фаќаше белешки. По извесно време свати дека темата е многу опширна и дури тој да најде решение на проблемот, бродот најверојатно ќе си замине.

И нека го” - филозофот испи една голтка од Мунтар-булканот, и почна да размислува како би можеле да се употребат дрвата за нешто друго освен за правеќе чачкалици. Му падна на памет да направи коцкаст брод, но се сети дека веќе само што виде еден.

Вториот филозоф погледна накај бродот, помисли колку би било поубаво наместо ваков грд, црн и коцкаст брод, да слета некој кој што не би бил филозоф и ако ништо друго, да седнат и да испијат по некоја чашка Мунтар-булкан и да разговараат за фудбалот.

Третиот филозоф ја примети сенката но не гледаше накај бродот од принцип.

Добар ден” - загрме бродскиот звучник обраќајќи му се на првиот филозоф поради тоа што од сенката на бродот, не ги гледаше другите двајца

Како за кого” - рече едниот филозоф.

Молам?” - се огласи гласот од звучникот.

Како за кого добар ден.” - рече филозофот замислено. Можеше да каже и нешто попаметно, ама по кратко размислување реши дека нема поента да кажеш нешто попаметно на коцкаст брод, кој туку така доаѓа на некоја планета и згора на се, не комуницира очи во очи туку преку звучник.

Можеше да кажеш нешто попаметно” - рече гласот.

Можев, но не морам, така ли е?” - запраша филозофот

Како се викаш?” - запраша гласот

Така ли е?” - инсистираше филозофот

Што дали е така?” - збунето запраша гласот

Дека можев ама не морав. Така ли е?” - сега веќе детски инсистираше филозофот.

Што си можел ама не си морал?” - малку луто запраша гласот

Тоа јас тебе те прашувам” - инаетливо рече филозофот

Ме прашуваш мене да ти кажам што си можел а не си морал?” - тотално збунето рече гласот

Очигледно е дека те прашувам тебе. Зошто поставуваш глупави прашања?” - рече филозофот

Добро, извини. Очигледно е дека ме прашуваш мене, ама не ми е јасно прашањето. Ќе те замолам да го преформулираш” - рече гласот

Те прашав дали можев ама не морав. Не не! Те прашав дали морав ако можев. Не, чекај малку...” - запишуваше нешто филозофот. “Те прашав дали можев ама не морав. Тоа те прашав, да...”

А што тоа?” - се огласи звучникот по не баш кратка пауза

Филозофот повторно погледна во белешките и запиша нешто.

Е, тоа незнам. Смисли си сам. Битно е да се води дискусија”

Добро. Да речеме дека е така. И што ако е така?” - запраша гласот

Па, ништо. Така е така, не е така не е така. Ти одбра дека е така и погоди. Ти честитам” - рече филозофот

Погодив што?” - збунето запраша гласот

Дека сум можел ама не сум морал”

Што си можел?” - запраша гласот

Било што” - отсечно рече филозофот

Настана тишина.

Очигледно е дека не ни оди муабетот” - рече гласот. “Има ли некој друг со кој што би можел да разговарам”

Разговараме веќе пет минути а не се ни познаваме што значи дека муабетот ни оди многу добро. Тоа што не се согласуваме е друга работа. Нормало е две живи интелигентни суштества понекогаш да не се согласуваат. Затоа постои дискусијата. Така ли е?” - запраша филозофот

Настана тишина.

Кажи му дека е така” - сугерираше некој внатре во Салимандридскиот брод.

Ама капетане... Повторно ќе почне се од ново. А немаме време”

Кажи му” - гласот беше непреговарачки.

Така е” - се огласи звучникот по подолга пауза

Филозофот молчеше.

И?” - запраша гласот

И што?” - запраша филозофот гледајќи накај бродот

Што ќе кажеш на ова?” - рече гласот

Очигледно е дека се согласуваме по ова прашање и било што да ти кажам би било чисто губење време. Можам само да ти речам: Добро” - рече филозофот и запиша.

Настана тишина.

Кажи му дека не е така” - рече гласот внатре во бродот

Не е така” - рече гласот од звучникот

Филозофот молчеше.

Нема да кажеш нешто?” - праша гласот “Очигледно е дека не се согласуваме”

Ти немаш попаметна работа?” - праша филозофот

Повторно настана тишина.

Уништуваме ли лудаци, капетане?” - запраша Салимандронецот кој зборуваше на микрофонот

Не. Има ли знак на Глупометарот?” - рече капетанот гледајќи кон најголемиот интрумент на контролната табла.” Нема... Заминуваме. Ќе се вратиме повторно.” - рече капетанот

И бродот си замина.

министер

со две коли
и две швалерки
три ротвајлери
и една жена
почесен жител на градот
три пати претседател на добротворно друштво
умре од срцев удар
кога некој непознат од Кратово
го нарече
бивш келнер
од
Велес.

All we need is love


Некој некогаш испеал "Се што ни треба е љубов". Германски научници од Универзитетот во Хајдлберг во својот месечен билтен, поткрепено со факти, тврдат дека ова не е точно и дека на листата на “тоа што ни треба” на првите места се кислород, вода и храна.

Љубовта според овој билтен доаѓа некаде на 170-то место, веднаш по путерот од кикирики, но пред пуканките.

Научниците запрашани каде им се фактите за оваа нивна теорија, одговорија дека нема поголем доказ од тоа што авторот е покоен.

Кантарион Вести

Пад на акциите на германските електронски гиганти по најавите за влез на Македонија во унијата

Франкфурт, 23 Декември 2009

Добравечер драги гледачи.
Денес, веднаш по најавите за преговорите на Европската Унија со Македонија по повод влезот на нашата држава во унијата, на Франкфуртската берза, денес наутро забележан е значителен пад на акциите на до сега четири компании кои се занимаваат со производство на електронски компоненти и електроника. Имено, Сименс, Бош, Аег и Блаупункт, сите реномирани германски брендови забележаа падови, кај некои дури и до 6 проценти. Се стравува дека овој пад се должи на стравот од можната конкуренција со македонските компании кои се занимаваат со слични дејности. Исто така се стравува и дека ќе има и повеќе компании кои ќе бидат на удар во текот на наредните месеци но тоа времето ќе покаже.

Назад во студиото.

Почитувани гледачи, да видиме што мислат македонските бизнисмени.

Благоја Трајковски - CEO, Разно Електроникс

Видете, ние сме докажан лидер и тоа е тоа. Ние сме стара компанија која знае каде оди и тоа и ги плаши германците. Тоа е тоа. Ние кога правевме греачи за бојлер они не знаеа што е бричење мишка. Отприлика тоа е тоа.

Митко Тодоровски - CEO, МиТо Компјутерс

Видете, дедо ми не се плашел од германците, татко ми не се плашел од германците, што па ја да им се тресам. Се виде кој е кој во втора светска. Воедно, продавам Intel Celeron ITX c220, 1GB DDRII, HDD 250GB Excelstoр, DLC-MT37, LG DVD-RW 22, Acer 20" X203 LCD MONITOR, 14. 400 денари.

Никола Велески - CEO, Општопром Кавадарци

Ај да оставиме интервјуто за после празнициве.

Студио: Драги гледачи, тоа е тоа. Како што знаете, утре македонската делегација е во посета на Швајцарија каде што меѓудругото, премиерот ќе им ги врачи клучевите од 10-те болнички возила изработени во Охридска Застава, подарок од градот Охрид за градот Женева. Како што знаете, овие возила се донација од минатогодишниот хуманитарен концерт одржан на охридскиот плоштад под мотото "И Швајцарија има право на квалитетно здравство". Отприлика тоа е тоа.

Ена


Kažu da još je lijepa i da ima stav
Al' èesto èak i kad je vesela
Opaze plavu sjenu u crnim oèima.

Сисадминска туга

Сисадминска туга

Мамата!
фајрвалот паднал,
кај го снема eth2
ifconfig вика нема мрежна друга,
велика је сисадминска туга.

vpn-от не пинга,
рутерот не дига BGP,
прееска дигна из цуга,
велика је сисадминска туга.

raid-от вика треба rebuild,
asterisk вика 503,
јузери викаат - никој фин,
није лако да си сисадмин.

се заглавил тонерот,
се устонирал принтерот,
се прекинала оптика,
туга је сисадминска превелика.

јебем ти поетска метафорика,
тесла пичко што ни измисли електрика!

(Се ова ми се има случено во ист ден)

gde si jelena *

facebook vs skopski fraer

хеј мала,
имаш малоумен статус,
и проста си ко фикус,
ама викаат си била
фејсбук еректус.


хеј мала,
ќе кликнам I like it,
зш ќе ти излезе на статус,
па ќе пуштиш wall to wall,
шо е битно кој ти влегол.


хеј мала,
проверувам чет на минута,
многу си ми крута,
итно nick да ми пронајдеш,
па не си само ти кликаш-ебеш.

Охридска Хаику Поезија

wifi

клај го потака,
рутерон клет,
пак викет нот фаунд.

конфликт

ми викет
стисни Продолжи
за да продолжит.

конфликт 2

кај загина глушецон,
ич не ми убо
со то тачпадон.

конфликт 3

болештини триста,
од неубо седнат
на то виндоусон.

интернет копирајт

се немат за леб
тој запнал да ја регистрират
охридскана хаику.

копирајт 2

ам зш да пишувам мор
копи пасте ми правет
младине лиоти.

чак норис

насловон е кладен
строго ради
маркетинг.

Слепата гатачка


“Гледам близнаци“ – рече најтивко што може слепата гатачка држејќи ја Клаудиината дланка.
“Близнаци?“ – запраша Клаудија
“Да. Близнаци со амнезија. Во кома се и двајцата.“ – продолжи многу тивко слепата гатачка. “И една жена во црно како им ги менува местата дури овие не се свесни. За да не знае мајката кој е кој“
“Па нели обично се менуваат местата на деца со различни родители“ – рече Клаудија зачудено. “Нема логика да смениш близнаци. Иста е мајката, што е важно кој е кој?“
“Потивко!“ – нареди слепата гатачка. “Откако им ги променија местата, близнаците и самите незнаат кој е кој“
“Ама која е поентата?„ - инсистираше Клаудија
“Ако мислиш дека подобро можеш да предвидиш, да ти ја дадам мојава дланка, што викаш?“ - луто рече слепата гатачка
“Добро, се извинувам. Продолжи“ - се смири Клаудија
“Гледам црнило, кома, близнаци, амнезија... И уште една амнезија... Изгледа поради тоа што се близнаци“
“Ме збунуваш“ - воздивна Клаудија. “Има ли некоја друг што може да ми гледа?“
“Ако не ти се допаѓам, кажи ми директно!“ - навредено рече слепата гатачка
“Ми се допаѓаш... Незнам како да ти кажам.... И повеќе отколку што мислиш“ - срамежливо рече Клаудија
“Како мислиш?“ - запраша слепата гатачка. “Ти се допаѓа како предвидувам или ти се допаѓам, онака, филмски?“
“Па... Филмски. Од првиот момент кога те видов“ - сега веќе Клаудија беше послободна. До толку беше слободна, што си дозволи нејзината дланка да ја стави на коленото на гатачката. “Смеам ли да те бакнам?“ - и шепна на уво.
“Смееш...“ - воздивна гатачката. “Гледам на магичната кугла дека си црнка. Сакам црнки.“
“Па не сум баш. Повеќе би се рекло дека сум...“ - не доврши Клаудија
“Накај црнка!“ - сакаше да се извади гатачката
“Па... Накај русокоса би било поточно“ - рече Клаудија зачудено
“Сеедно... Бакни ме страсно“ - извика гатачката.
“Ахххххххх“ - воздивна Клаудија пикајќи го јазикот длабоко во устата на гатачката. “Што вели твојата магична кугла на ова!?“
“Вели: Земи ме, намачкај ме со маст, и стави ме во вагината на слепата гатачка“
Речено-сторено.
“А сега што вели?“ - сега веќе во екстаза запраша Клаудија
“Сега вели:
“Пази да не ти испадне куглата на под, чист кристал е“

**********************************
Во наредната епизода ќе гледате: Магичната кугла паѓа на подот, Клаудија се запрашува што понатаму со слепата гатчка, слепата гатачка се запрашува што понатаму без магичната кугла.

Ништо не се случува


Како вчера да беше денот кога ништо не се случи. Го паметам бистро, најбистро. Немаш ни што да памтиш, ништо не се случи како што реков. Апсолутно ништо. Не знам ни каде бев ни со кого. Не знам ни дали бев?! Не бев изгледа затоа што тоа веќе е некоја случка, а на тој ден, како што реков, апсолутно ништо не се случи.

Случајните напади на нинџите


Проклетите нинџи се повеќе напаѓаат случајни минувачи. Како да се заштитиме? Малку ли беа високите огради, малку ли беа тренинзите? Едноставно не е можно да победиш нинџа. Невидливи се, брзи, убиваат со едноставен притисок на точки познати само на врвните доктори и мајстори по акупунктура. Притиска - убива. Притиска - убива. Убива - заминува. Никој не го видел, никој не го чул. Случајно те избрал, притиснал и убил. Експлодирало срце, попуштила вена, се изместила жила. Се повеќе губам надеж. Помогни ми, мој дневнику.

Plz reed mah articl

wud yoo plz reed mi articl plz? i wurkd 4 almst 1 our onn it!! if u dunt reed it i will kum nd beet u up kuz i m chuk noris nd mr t and jakki chan & jeezus an god adn mr rogerz al at te smae tyme lololo nuuub!!1! mie rticl iz betur den urz. i dunt cair if dere r tipoz bcuz dis iz t3h int3rnet nut grammer clas so it duznt matr. my articl iz reelee funi bcuz it haz teh wurds poopoo nd potty in it lawlolmao hahahaha. u no itz funi nd if u dnt den u r dum bcuz it iz fny. i m l33t nd yu r not so i m betor hahaha pleez dont put dat stoopid nrv thng on hear dats not nice k? mai artikle iz teh bst evr evn betr den ur stooopid stuf liek aaaaaaaa adn noebuddy cairz. u no itz tru. in fct u shud reed al mai rticlz cuz dey rok ur sox lololololololo. remembr wen i ced i was chuk noris and mistar tee and al thse ppls? ya i forgot im godzila to. and im rambo also so i m strngr dan u nd ur mom haha i sed ur mom burrrrrrrn lmao.

piplz r stuupd dey dnt reed mie articlz evn tho tey r awsum. i bet iz bcus dere afrade uv mee kuz im betr dan doze noooooooobz. wikipedia sux kuz tey dnt feetur gud articlas dey onli fetur laem onz liek dat stuupd aaaaaa wun dat onez stupd i mene wats te poynt? its just a bnch of as nd datz stupd evry1 nos dat g is coolr dan a so it shud b al gs note as.

MABEY IF I TIPE IN AL CAPZ U WIL REED MAH RTCLE CUZ AL CAPZ MAXE EVRYTING CULER HAH SO NAO U WIL REED IT

if u reed dis i wil giv u free pr0n haha so reed it pleeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeez c i sed pls so im bein poliet so nao u haf 2 reed it roflstix

reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1! reed it nao!1!

cmon wat duz it taek/ mie rticl iz teh bst evr so reed it NAO K NAO! cmon pleez im begn u plz i wil kil j00 in t3h runningskaep gam onlien wit ma l33t h4x nd taek al ur stufs

REED MAH ARTCL NAO!!!!!!!!!!!1!

Summersong.

My girl, linen and curls....
------------------------------

Rambling, where to begin?
I tasted summer on your peppery skin
Been saved, the warm of the waves
I felt a slip into a watery grave

My girl, linen and curls
Lips parting like a flag all unfurled
She's grand, the bend of her hand
Digging deep into the sweep of the sand

Summer arrives with a length of light,
summer blows away,

and quietly gets swallowed by a wave.

Waylaid, the din of the day
Boats bobbing in the blue of the bay
In deep, far beneath
All the dead sailors slowly slipping to sleep

My girl, linen and curls
Lips parting like a flag all unfurled
She's grand, the bend of her hand
Digging deep into the sweep of the sand

Summer arrives with a length of light,
summer blows away,

and quietly gets swallowed by a wave,
it gets swallowed by a wave.

---------------------------------------
додека чекаме лето, клик тука (mp3)

Упатство за употреба на Упатството за употреба




Направивте вистински избор со Вашиот нов Toshiba видео-рекордер. Ви честитаме. Пред да го отворите упатството за употреба, прочитајте го овој мал додаток наречен Упатство за употреба на Упатството за употреба. Ви честитаме.

Важно: Прочитајте пред да го отворите Упатството за употреба!

Упатството за употреба е црно-бела книга со корисни информации кои ќе ви помогнат при користењето на Вашиот нов Toshiba видео-рекордер. Ви честитаме. Упатството за употреба се состои од следните делови:

1.Насловна страна
2.Страна со цртеж од Вашиот нов Toshiba видео-рекордер. Ви честитаме.
3.Страни со функции
4.Страна со најчестите проблеми при употреба на Упатството за употреба.

Важно: Како да го чувате Упатството за употреба

Упатството за употреба се чува на суво и ладно место. Идеалната температура е од 10-20 степени.

Важно: Како да го користам Упатството за употреба

Најдете соодветено место. Внимателно фатете ја насловната страна на Упатството за употреба и со благо придвижување на дланката однесете ја на лево притоа откривајќи ја следната страна. Продолжете со оваа операција до крајот на Упатството за употреба притоа избегнувајќи ги страните напишани на јазици кои не ги разбирате.

Најчести проблеми при користењето на Упатството за употреба

Опис на проблемот: Не можам да го отворам Упатството за употреба.
Решение: Упатството за употреба е затворено во пластична кеса. Користете ножици. Ако сеуште не можете да го користите Упатството за употреба тогаш страните се залепени. Користете повеќе сила.

Опис на проблемот: Текстот е напишан обратно.
Решение: Ротирајте го Упатството за употреба за 180 степени.

Опис на проблемот: Го ротирав упатството но сеуште не можам да го прочитам текстот.
Решение: Неписмени сте.

Опис на проблемот: Писмен сум, го ротирав упатството но сеуште не можам да го прочитам текстот.
Решение: Употребете надворешен извор на светлина (не е вклучен) како на пример столна лампа, сонце или оган. Внимавајте при користењето на надворешните извори на светлина поготово оганот.

Опис на проблемот: Писмен сум, го ротирав упатството, аплицирав надворешен извор на светлина но сеуште не можам да го прочитам текстот.
Решение: ⠉⠁⠇⠇ ⠋⠕⠗ ⠞⠓⠑ ⠃⠗⠁⠊⠇⠇⠑ ⠍⠁⠝⠥⠁⠇

Можете да почнете со користењето на Вашето Упатство за употреба. Ви честитаме.

Жега

Жабана Крек,
Галебон Мек,
Чкрапљана Веп,
На плус четересе и пет

Пастрмкана Шклап,
Плашицана Жглап,
Комарецон Жеш,
На плус четересе и шес

Се истадовме од умот од топло,
Не помнит Охрид ваква жега,
На живинана сета им идат,
Да емигрират Канада, им идат

Термометарон немат толкај бројки,
на кајчинана пукат спојки,
збудале Охридскана флора и фауна сета,
пред неколку лета, пред неколку лета
Стана ми Стојан едно утро,
стана ми со клас надрвен,
јарболот му мајко фронтален,
не бил никогаш похоризонтален.

Што работа е ова - се почуди,
вака нит било нит ќе биде,
го погледна органот мускулозен,
не му бил кластот пофабулозен.

Убав е - не дека не е,
ама проблем голем му се отвори,
не сака надолу да се наклони,
ете веќе мајко, три дни.

Реши Стојан да види што е,
да се спаси од судба клета,
да го приземји јунакот капитален,
да побара совет професионален.

Ми отиде Стојан аџамија,
кај Вангелица куртизаната,
ја соочи со другарот запален,
дал може да биде малу намален?

“Ваква убавина не се гледа везден“
Се стресе Вангелица од радос,
не веруват на метрото арбитражно,
белким не измислиле класје монтажно.

“Има спас, Стојан аџамијо,
само ако ти се сложуваш,
зш ќе се смали лепотанов - рече жално,
ќе пробаме со усисна техника, орално“

Ко рече Вангелица го истава на усни,
утроба му се на Стојан поремети,
“Полека мор Вангелице, скрати,
усис ко Rowenta од 1500 вати“

“Мора јако, Стојан будала,
остај ме работа да си бркам,
вака низ куќи да усисавав,
досега со куќен совет ќе претседавав“

Три дни ми Вангелица гениталија усисаваше,
три дни ми Стојан мајко лелекаше,
на трети ден ми јунакот спласна,
Стојан на кревет во бесознание пласна.

Стојан се на седми ден разбуди
Во јунакот ми мајко погледна,
“Зар е можно ова да бил спасот?“
Вангелица ништо не рече - и беше фатен гласот.

“Бре домаќин женско што ти е,
сказалка на струјомер не помрдна,
не ко онаа непрокопсанана Васа,
со Rowenta-та ќе потрошеше 3 киловатчаса“
======================================
На уста ми Стојан кладе кавалот,
запеа ми песна весела, радосна,
запеа ми песна за однос генитален
генитален, мила мајко, орален
Протест
Откако започнав со пишувањето на Охридската Хаику Поезија, на Интернет се појавија многу лажни поединци и организации (пример: самопрогласеното Haiku Society of America) кои, благодарение на мојата оригинална замисла, сакаат да се здобијат, како и јас, со слава, пари и сексуални односи. На страната на извесен Wikipedia, поточно на овој линк, секој реален човек може да забележи дека со манипулација на текстот (пример: Haiku is a mode of Japanese poetry... the late 19th century ...) извесниот Wikipedia, смислено го насочува наивниот читател кон верување во тоа дека Хаику-то не само што не е Охридско, туку и датира од многу порано. Извесниот Wikipedia не запира овде. Со цел да го освои наивниот читател, тој го користи најнечистиот трик на светот; се обидува да го освои наивниот патник со емотивност. Имено, на истата таа страна, поточно на овој линк можете да видите фотографија од гробот на извесен Yosa Buson. Според господинот Wikipedia, неслучајно, извесниот Yosa живеел од 1716–1783 (со цел да се добие впечаток дека Yosa пишувал Хаику пред мене).
Господинот Wikipedia, со користење на сите можни нечисти трикови, направи обид да ја изманипулира пошироката јавност. Не би ме чудело позади овие клевети да стои грчкото лоби, кое немајќи повеќе аргументи во спорот со името се обидува на секој можен начин да ги присвои нашите најголеми богатства: планините, езерата и мојата хаику поезија.

Со таа цел, јас испратив протестни ноти до:
Амбасадата на Грција во Македонија,
Господинот Wikipedia
Американското Хаику здружение
Јапонското Хаику здружение
Обединетите Нации
Јапонската амбасада во Лондон

(сериозно испратив, ќе ги постирам наскоро одговорите)

а во знак на протест, повеќе не пишувам Охридска Хаику Поезија, туку најавувам нов циклус.

Охридска Еротска Поезија

Вангелица ми тргна на чешма

Вангелица ми тргна на чешма,
се напупи вода да наполнит,
кога в грмушка млад Стојан го вчакарил,
па на Вангелица низ смеа и говорит“

“Ак сакаш да те пренесам до село,
качи се на јарболов вкрутен,
да не се имаш џабе мачено,
ќе те пренесам со се бардачено“

“Ах море Стојан будала,
остави ме на раат вода да си наполнам,
за мене на класот да ме качиш,
ќе требат малу да се помачиш“

“Сакам класје, не дека не сакам,
ни за качвање не се бунам,
ама млада Веселинка ми се доверила,
класот ти бил подпросечен, проверила“

Стојан се малу накашла, и в кавал ми нежно засвире, засвире ми леле посвире, песна тешка, таговна:

“Ах мори Веселинка, чумо една крастава,
што ми резил направи, што ми гордост повреди,
класт во животот да не видиш,
на јарбол да не се качиш,
штом вака лајна јајш и ме мачиш“

На уста ми Стојан кладе кавалот,
запеа ми песна тешка, таговна,
запеа ми песна за Веселинка бескрупулозната
и си киниса в насока непозната"

Јапанка

Те запознав во коктел-бар
срцево одма дар-мар
сите беа полуголи
а ти скромна, кимоно и шноли

Налегнав на шанк фраерски
ми рече ма-хер-си
те погледнав во око швалерски
и се замислив со пасош Јапонски

Викаат кеш се имало,
од такси возење пара се зимало
кон Токио да испариме
со шурата саке да вариме

Низ Токио по апостолка
со саке шише-полка
ти на поле ориз бери
ја ќе мочам од облакодери

Кој смее нешто да ти каже
до метро и пеесет маж е
со нисанот цел ден зум-зум
шо ме глеаш бе, убав да не сум

А кога ќе размислам поубаво...

Браќа Јапонци, џабе ви е кешот
ја на рака ќе си го перам вешот
срцево друго ми бара,
клупи имате на секој чекор,
ама душава си сака и семкара

Ми се ојт Охрид

Во Скопјево се снајдов
на факултет сум за пример
ама од велеградов се што гледам
се зидој четири и цимер

Златен Охрид ми фалит ногу,
џабе факултето,
не се прајт boss со сила
налет азно сето

Ми фалит плажана градска,
а помалу Аквариус и Табана
Ми фалит Охриѓанка една
Скопје џунгла - Охрид савана

Скопјанкиве дигнати момичина
саглам имат мал процент
ам и тие шо се саглам
не ги палит охридски акцент

Ми се ојт домами
при мајка и татко да бидам
гирици в Канео да јам,
да видам Охрид, Струга да видам

Додадена е уште една епизода

На барање на многумина, после долга пауза, уште една епизода е додадена од Шпанско-Македонската серија. Имам околу 100 напишано, ако некој е заинтересиран да му ги пратам на мејл, ми нема поента овде да ги постирам имам други работи. Фала многу, а пред се пријатно.

ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ!!!

И оваа година, повторно победник на Струшките вечери на поезијата:
Марјан Ташевски со Нована година се ближит во изведба на Игор Џамбазов!!!

Текст: Марјан
Изведба: Игор Џамбазов
Тонец: Жарко Радосиновиќ

ЕКСКЛУЗИВНО!!!
СИМНЕТЕ ГО АУДИО ЗАПИСОТ ОД ПОБЕДНИЧКАТА ВЕЧЕР!!!
НОВАНА ГОДИНА СЕ БЛИЖИТ.MP3

Предлог продолжение за Качора



















Македонско-шпанска серија во неограничен број на епизоди

Локација: Мадрид и Лазарополе

Епизода 1

“Ох, моја љубена... Се ќе беше поинаку да не беше оној мојот брат близнак” - рече Емануел и погледна кон прозорецот. “Но, јас знам дека тој не е злобен човек. Некој друг стои позади ова!”
“Емануел... Мој најмил.... Јас разбирам дека тој е твој брат и дека не можеш да прифатиш дека Родригез би направил такво нешто, но јас навистина не можам да поврзам некој друг со настаниве... Не гледам кој друг би можел да ги украде бебињата!” - со солзи во очите извика Клаудија.
“Клаудија... Тоа не личи на брат ми... Еве, дури и да ги украл, тој никогаш не би ги повредил!” - убедуваше Емануел. “Да ги заколеш, разбирам. Ама откако ќе ги убиеш, да ги посолиш и да ги врзеш на јаже на таван како шунки, за подоцна да вршиш нужда над нив, тоа е веќе премногу! Не личи тоа на Родригез!”
“Не можеш со сигурност да тврдиш. Родригез многу се промени откако раскинавте” - сега веќе посмирено рече Клаудија.
“Не би рекол дека е така... Сепак, тој ја прекина врската со мене. По негова желба беше. Едноставно, љубел друг. Ми се случи истото што ти се случи тебе со татко ти.” - со жалење констатираше Емануел.
“Ех, Емануел... Тоа со татко ми беше детска љубов. Јас тогаш имав 9 години, а тој 45. Едноставно, разликата во годините си го направи своето. Друго, тато тогаш беше женско, и некако поинаку размислуваше. Многу се промени после операцијата.”
“Секако дека се промени после операцијата Клаудија. Но, операција за промена на полот не може да ти ја промени душата” - рече Емануел.
“Како и да е, важно е дека сега сме јас и ти заедно и дека ни е најпрекрасно на светот.” - со олеснување додаде Клаудија.
“Да, најмила... Само тоа ми е важно во моментот. Понекогаш посакувам да сме само јас и ти на светов. Да нема други луѓе да ни сметаат” - воздивна Емануел стискајќи и ја раката. “Единствено во кого што имам доверба во моментот сте ти и сестра ми.... Помалата... И нејзиниот вереник.... Татко ми... Не се вели за бадијала дека фамилијата е нешто најсвето на светот”
“Така е, Емануел. И јас имам доверба само во тебе и во дада. И на тато му верувам, само што на моменти не се согласуваме” - рече Клаудија обвиткувајќи ги рацете околу Емануел.
“Ох, Клаудија! Толку те љубам што не можам да ти кажам со зборови” - рече Емануел, силно притискајќи ги своите усно до Клаудиините.
“И јас те сакам... Бато.”
“И јас тебе...” - низ воздишка рече Емануел. “Мамо.

Крај на првата епизода

=============================================================

Во наредната епизода: На Емануел на сон му доаѓа видовит старец кој што му кажува дека тој е всушност посвоен, дека има брат близнак ама бебињата ги смениле при породување, брат му близнак не му е веќе брат туку сестра поради промена на полот, мајка му го изневерила со германски овчар, додека пак самиот Емануел, лудо се вљубил во столна лампа.
=============================================================


ВТОРА ЕПИЗОДА


Амнезија
“Каде сум?” - рече Емануел. Иако му требаше малку време за да свати дека се наоѓа во болница, праша повторно “Некој нека ми каже каде сум?” - повтори Емануел сега веќе нервозно.
“Докторе! Се разбуди!” - извика сестрата. “Докторе!”
“Се е во ред, смирете се” - се обиде да ја смири ситуацијата докторот. “Се е во ред, вие сте во болница” - рече смирувачки докторот.
“Тоа и сам можам да го сватам” - рече Емануел гледајќи држејќи се за главата. “Кој датум е денес? Колку време сум тука?” - запраша Емануел
“Тука сте... Па, како да ви кажеме...” - погледна докторот во сестрата.
“Господине Емануел Родригез Родригез Едуард Емануел” - се вмеша сестрата. “Тука сте...” - сестрата застана со зборувањето како да бараше потврда од докторот.
“Господине Емануел” - рече докторот. “Ве молам смирете се и ислушајте ме. Имавте амнезија, господине Емануел. А тука сте...”
“Кој е Емануел?” - го прекина Емануел гледајќи кон докторот
“Тоа јас не би можел да ви кажам” - рече докторот. “Имав амнезија”
“Ниту пак јас” - се уфрли сестрата. “И јас имав амнезија”
“Па добро, има ли некој здрав во болницава!?” - праша Емануел
“Нема.” - рече докторот - “Инаку немаше да биде болница”
“Нема” - рече сестрата која што поради својата амнезија веднаш заборави дека докторот тукушто го кажа истото
“А ќе ми каже ли некој барем зошто сум тука?” - запраша Емануел
“И тоа го заборавив” - рече докторот “Но за среќа, имаме запишано”
“Оф леле...Не знаеме зошто сте овде!” - рече сестрата “Но имаме запишано!” - повторно рече сестрата заборавајќи дека докторот само што го кажа истото.
“Зошто сум тука?” - повторно запраша Емануел
“Веднаш, господине Емануел. Само да проверам во записникот” - рече докторот. “Само еден момент”
“Веднаш, господине Емануел. Само да проверам во записникот” - повторно рече сестрата поради здравствени причини “Само еден момент”
“Што се случува со сите вас!” - извика Емануел - “Толку ли е тешко да ми одговорите на толку едноставно прашање?!”
“Веднаш... Еве.. Тука е запишано... Господине Емануел... Господине Емануел! Вие сте овде цели 9 години!” - извика докторот видно изненаден
“9 години!” - извика Емануел. “Но, тоа... Тоа не е можно!”
“Па така е запишано” - рече докторот
“Па така е запишано” - рече сестрата
“Што е така запишано?” - праша Емануел
“Па тоа дека сте тука 9 години” - рече докторот
“Па тоа дека сте тука 9 години” - рече сестрата
“Кој е тука 9 години?” - запраша Емануел
“Вие. Емануел.” - рече докторот
“Вие. Емануел.” - рече сестрата
“Кој е Емануел?” - запраша Емануел кој поради амнезијата си го заборави името
“Па Вие” - рече докторот
“Најверојатно” - рече сестрата

Настана тишина.

“Дали имате тука телефон?” - праша Емануел “Би сакал да се јавам на едно место, но ќе морате да ми го најдете вие бројот затоа што јас не можам да се сетам”

***********************************************

“Клаудија!” - извика Гонзалез. “Тој се разбудил!”
“Оф, мој најмил. Конечно се разбуди...Каде е? Дали ќе можам да го видам? Но дали ќе го препознаам. Многу малку се сеќавам на него по мојата амнезија” - рече Клаудија
“Љубовта на животот не се заборава туку-така” - рече Гонзалез. “Ќе се сетите госпоѓа Клаудија. Тврдам од сопствено искуство. Јас по мојата амнезија веднаш се сетив на Есмералда. Подоцна дознав дека мојот брат близнак намерно сакаше да ми ја подметне сестрата близначка на Есмералда но тоа е долга приказна” - тажно заклучи Гонзалез
“Ох, Гонзалез.. Се ми е измешано... Проклета амнезија.” - рече Клаудија. “Но сепак би сакала да го видам. Многу работи сакам да му кажам. Сакам да свати дека не сум како мојата сестра близначка. Мора да заборави на неа, зошто и таа веќе има заборавено на него. Не заради друго, имаше амнезија.”
“За кого зборувате, госпоѓо Клаудија“ - праша Гонзалез
“Како за кого, па за Емануел“ - изненадено рече Клаудија “Толку ли не се сеќавате, Родригез, само што го спомнавме?“
“Ах, да. Проклета амнезија...“ - рече Родригез
“Амнезија? Каква амнезија?“ - рече Клаудија

КРАЈ НА ВТОРАТА ЕПИЗОДА

Охридска Хаику Поезија

За сите Хаику песни кликнете овде!

Времено
Не врвит времено,
плус четереесе и пет е,
кај ќе врвит?

Шубав ден
фрли-извади, фрли-извади,
пастрмкана гризет,
добар ден.плоден.

Шубав ден 2
Од каде сиве овија жени
на плажа се збрале,
посакувам однос.орален.

Пастрмка
Пастрмкана се мрестит,
Се слушат шклап-шклап од
рибарскине кајчина

Езеро
Сино синило се
распослало чиниш
сиот свет е син

Свети Наум
Комарецон зуит,
Ето го потака кај испари,
на апаратон против комарци

Небо
дождон врнит,
не престанвит,
кај ојт водана. да знам.

Свет Наум
Се испреплетвит патон,
како змија луда,
е луда е, ами шо.

Ми се јајт
Ми се јајт пудинг малу
овоштен ил чоколаден,
само то ме мачит.

Ме болит снагава
ме болит главава од пијање
не ми се ојт на работа
пак ќе глумам реума

Езероно
езероно ме канит,
идај ми велит побргу
ќе се капеме везден.

За сите Хаику песни кликнете овде!

Нована година дојде

ето, и најлудана дојде,
се пијанит секој ко лиот,
од софра не станвит со деној,
го поништивме дивечон сиот.

ко рече се споија сказалкине од сатон,
ко рече се помествит планетана сета,
ко рече си честита брат на брата,
ко рече му честита баба на зета.

брат со брата си пожели радос,
баба здравје му пожели на зетон,
ја ви пожелвам односи ногу,
и органон везден бетон.

Нована година се ближит

нована година се ближит,
старана ќе заминит по патон,
ќе препукнит срцено од радос,
кога сказалкине ќе се спојат на сатон

ќе се поместит земјана од оскана,
и се ќе личит на сказна,
ќе се спојит небо и земја,
од пиротехника разна

ќе се радуват и телено младо,
прасено да го заколат ќе не молет,
радосен ќе бидит цел животински свет,
за најлудана ќе ги колет

во новава да се имат се,
и сексуални односи да имат секој,
да живит годинана нова!
да живит сто векој!

До дечкото што ми ги дигна брисачите од кола

Мои:
Сите пари да ги даеш за промена на крвта
Ресторанот на гробишта на жена ти да и стане менза, секој ден да иде
Ако си ги шитнал брисачите, парите за помен да ги даеш
Со кука да те вадат од Вардар
На airbag да те најдат заспан
Туѓи:
Da dae gospod devojka mu da fati herpes preku majka i od tvoj kur!
Da mu umre dalecna tetka od amerika koja imala u banka $5mil i da se doznae deka bil posvoen i drug da gi nasledi parite
So zdravje da se sluzi so brisacite, ama da okjori dzabe da mu se

Слободно оставајте клетви во Comments, една да го фати, ќе бидам презадоволен.

Most listened albums (Chronologically) // Najslushani albumi (Hronoloshki)

Azra - Suncana strana ulice
Dire Straits - Brothers in arms
Frank Zappa - Broadway the hardway
Al Di Meola - Orange and blue
Massive attack - Blue Lines
Red hot chilli peppers - Blood sugar sex magic
The Muppet Show - Music, Mayhem and More - 25th Anniversary
Duke Ellington - The Very Best of Duke Ellington
Louis Armstrong - What a wonderfull world
Leftfield-Leftism
Eels - Electro Shock Blues
Paul Oakenfold - New York
Buena Vista Social Club
Jurassic 5 - Jurassic5 LP
Darko Rundek - Ruke
Plej - Blue
Cypress Hill - Live at the Fillmore
Manu Chao - Radio Bemba Sound System
Federicco Aubelle - Gran Hotel Buenos Aires
Paris under a groove
Malcolm Mclaren-Paris
Manu Chao & Fermin Muguruza - Katumbi Express

Momentalno
Bajofondo Tangoclub - Superville (2004)
Tanghetto - Emigrante - La Corporacion (2004)
Damian Jr Gong Marley - Welcome To Jamrock (2005)
Finley Quaye - Vanguard (2001)
Myst IV Revelation Soundtrack

Raskaz

Dva fotona, odbieni od zemjata,trgnaa so brzina na svetlinata kon Mars, no po pat, sopreni od neverojatnata gravitaciona sila na edna crna dupka, vaporiziraa vo istata sekunda.Eden astronom, gledajki go ova cudo preku teleskopot, od brzanje za da mu gi prenese koordinatite na drug astronom, se sopnal, padnal direktno na bradata,krshejki gi dvete vilici. Vo istiot moment,drugiot astronom, brzajki da mu gi prenese koordinatite na prviot astronom, se sopnal, ne skrshil nishto, no dodeka zastanal da zeme vozduh i da si kaze kakva sreka imal shto ne padnal na brada i ne skrshil barem edna vilica,se setil deka vilicite, i onaka ne se negovi,a zgora na se, skapo i gi platil, i samo go prokolnal doktorot shto mu gi montiral.Dvata fotoni,crnata dupka, i dvata astronomi se vo chudna povrzanost, a nikoj od niv ne go znae toa.

Idealna Makedonska Sedmica

Do Pretsedatelot na Republika Makedonija,
Od Marjan
Gospodine Pretsedatele, eve go nachinot kako da ja zdobiete doverbata na vashite gragjani, bez nikakov troshok

Predlog za idealna makedonska sedmica

Ponedelnik - Osmi Mart, navecer na televizija shpanska serija
Vtornik - Nova godina, navecer na televizija emisija za makedonsko-grchkite odnosi okolu imeto
Sreda - Veligden, navecer na televizija emisija za koli
Cetvrtok - Bozik, navecer na televizija fudbal
Petok - Den na nezavisnosta, navecer na televizija bingo
Sabota i nedela mozhe da se spojat, poradi toa shto so vakva sedmica, nema mnogu poenta. Dva dena fudbal.

Najsrdechno, Marjan
Isprateno na 21.08.2004 do pretsedatel@vlada.gov.mk

Собрани Дела

Mome vito

Da bi imal malu testo,
Bi ti dal i tebe, smesto.
Da bi imal malu urdiche,
Bi ti dal i tebe, moe kakiche.
Da bi imal malu susam vo zrno,
Bi ti go dal siot, moja srno.
Ami ne zato shto saka se so tebe da dela,
il zato da bi bila sita,
am bi ti dal da mi naprajsh malu pita.

Od Peshtani do Kurajca,
Od Mesheishta pa se do Kosel,
Za pita sekoj voda ti nosel.

Bi ti dal i edno vangliche,
i edno ne bash malo sito,
kje istaish i edno prestilche,
ej bre mome vito.

Da istaish pomegju noze vanglichka,
A na gradine prestilka,
so zadniko da seish zhito,
Ej bre mome vito.

Umot mi go zede,more,
Za ta pita site zboret.

Od Peshtani do Kurajca,
Od Mesheishta pa se do Kosel,
Za pita sekoj voda ti nosel.

Ahritskono ezero

do kaj shto mi gledat okono si dolgo,
Do kaj shto mi ojt pogledon si dlaboko,
Do kaj shto mi mislit mozokon si bistro,
Ej mor ezero ahritsko.

Eno onamu dva galeba kaj letat,
tam podolu pastrmka se mrestit,
ugore vrapci letet,
dole lugje se kapet,
I na site Im e ubo shto si bistro,
Dej gidi ezero ahritsko



Какичено Раснит

Какичено раснит,
се истават смело од земјана,
погледвит нервозно кон сонцено
и велит:

Кај ојш мор кај ојш Сончко,
палав низаеден?
Не се смеј ќе те опра,
светлинана ќе ти ја сопра!
Ќе те иставам од небоно веќе да не греиш,
не туку ми се смеиш.

Авазмажи малу место за облакон весел,
да иставит малку појќе дожд.
Не туку ми свети сиот,
не биди лиот.
Цела природа те молет,
да ни пуштиш малу пролет.

Сончко се подзамисли малу,
со носо одмавна луто,
и на какичено му се обрати круто:

Кај ојш бе, кај ојш лиот,
што туку ми се контиш сиот?
Сега ќе ти пушта малу ултравиолетов сноп,
ќе те оштета мор, ќе те прата в гроб!

Сончко се вцрви сиот
во лицено се вџаши,
истаде сноп јак,
какичено го спраши.

Марјан, Јули 2004, Ахрид