Кантарион Вести

Пад на акциите на германските електронски гиганти по најавите за влез на Македонија во унијата

Франкфурт, 23 Декември 2009

Добравечер драги гледачи.
Денес, веднаш по најавите за преговорите на Европската Унија со Македонија по повод влезот на нашата држава во унијата, на Франкфуртската берза, денес наутро забележан е значителен пад на акциите на до сега четири компании кои се занимаваат со производство на електронски компоненти и електроника. Имено, Сименс, Бош, Аег и Блаупункт, сите реномирани германски брендови забележаа падови, кај некои дури и до 6 проценти. Се стравува дека овој пад се должи на стравот од можната конкуренција со македонските компании кои се занимаваат со слични дејности. Исто така се стравува и дека ќе има и повеќе компании кои ќе бидат на удар во текот на наредните месеци но тоа времето ќе покаже.

Назад во студиото.

Почитувани гледачи, да видиме што мислат македонските бизнисмени.

Благоја Трајковски - CEO, Разно Електроникс

Видете, ние сме докажан лидер и тоа е тоа. Ние сме стара компанија која знае каде оди и тоа и ги плаши германците. Тоа е тоа. Ние кога правевме греачи за бојлер они не знаеа што е бричење мишка. Отприлика тоа е тоа.

Митко Тодоровски - CEO, МиТо Компјутерс

Видете, дедо ми не се плашел од германците, татко ми не се плашел од германците, што па ја да им се тресам. Се виде кој е кој во втора светска. Воедно, продавам Intel Celeron ITX c220, 1GB DDRII, HDD 250GB Excelstoр, DLC-MT37, LG DVD-RW 22, Acer 20" X203 LCD MONITOR, 14. 400 денари.

Никола Велески - CEO, Општопром Кавадарци

Ај да оставиме интервјуто за после празнициве.

Студио: Драги гледачи, тоа е тоа. Како што знаете, утре македонската делегација е во посета на Швајцарија каде што меѓудругото, премиерот ќе им ги врачи клучевите од 10-те болнички возила изработени во Охридска Застава, подарок од градот Охрид за градот Женева. Како што знаете, овие возила се донација од минатогодишниот хуманитарен концерт одржан на охридскиот плоштад под мотото "И Швајцарија има право на квалитетно здравство". Отприлика тоа е тоа.

No comments: